
![]() |
Центриум Теч Лтд е компанија која нуди сервиси од кои Вашата компанија може да има значан бенефит. Главни сервиси кои ги нудиме се:
- Проектен менаџмент
Избор на опрема, изготвување на проект планови, изготвување на техничките ставки од бизнис план, како и подршка до имплементација и обезбедување на правилно функционирање на изградениот систем.
- Проектирање на ИТ и Телекомуникациски системи
Доколку е потребно Вашиот систем да биде официјализиран од страна на надлежните институции, можеме да обезбедиме комплетно водење на документацијата. Нудиме можност за проектирање на делот за телекомуникации, посредување при избор на компанија за проектирање и административно процесирање се до добивање на званичност на Вашиот систем (или пак логичка целина од Вашиот систем).
- Нудење совети во однос на функционалност на систем
Доколку имате постоен ИТ или Телекомуникациски систем, кој е функционален, а сепак сакате да знаете дали имате потреба како компанија да истиот се надгради, побарајте не. Нашите совети и анализи ќе Ви заштедат од Вашиот планиран буџет и ќе бидете сигурни дека сте ja направиле вистинската одлука.
- Заштита
Наше мото е нудење на хардверски решенија за заштита на Вашата мрежа. Слабостите во Вашата мрежа доаѓаат од недоволно добро поставената архитектура и/или несоодветно конфигурирање на уредите. Доколку не сте сигурни дека Вашата мрежа е сигурна, ние може да провериме за Вас и да ви понудиме соодветно решение, доколку е потребно.
- Доделување привилегии во Вашата мрежа
Организирајте ја Вашата локална мрежа во зависност од структурата на компанијата и доделете привилегии кон ресурсите спрема потребите на Вашите вработени. При тоа обезбедувате хиерархија и контрола во Вашата работна околина.
- Техничка подршка за имплементирање или одржување на ИТ или Телекомуникациски систем
Подгответе ги Вашите вработени професионално да ги одржуваат и надгледуваат системите кои ги користите. Истотака доколку имате потреба од услуги за разработка на техничка документација за одреден систем, побарајте не.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |